Левица се приклучува на разговорите за формирање опозициски фронт заедно со Платформата 12.05. Партијата денеска ја прифати поканата заедно да разговараат за тоа каде е Македонија 35 години по независноста. И двете страни велат дека имаат многу разлики, но иста цел – мобилизација против владата на ВМРО-ДПМНЕ. Од Платформата 12.05 тврдат дека нивната поддршка помеѓу членството на СДСМ, но и граѓаните секојдневно расте. Ова според Ивановски е уште еден доказ дека на партијата и се потребни структурни промени, кои тие ќе ги иницираат следната недела по средба со Филипче.