Сител




















Сител
Сител 26 минути
Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во ЕУ
Македонија ќе продолжи да работи и бара решение за влез во Унијата. Премиерот Мицкоски од Вашингтон со порака – Можеби еден ден некој ќе се сети и ќе зборува за пристап заснован на заслуги, па процесот на малтретирање на земјава ќе престане. И покрај преземените реформи, секогаш имало пречка која не остава во чекалната. Овој пат тоа е Бугарија, а гаранции дека ќе биде последна – никој не дава. 
Сител 1 час
Во Тирана судири помеѓу демонстрантите и полицијата
На денешните антивладини протести во Тирана приведени се 11 луѓе откако демонстрантите се судрија со полицијата на повеќе места во градот. Протест почна пред албанскиот парламент, а демонстрантите се обидоа да го пробијат безбедносниот кордон, а потоа се прошири и на булеварите, кога насобраниот народ се обиде да го пробие полицискиот кордон и да стигне пред Министерството за внатрешни работи.
Сител 2 часа
Халанд награден од норвешкото Здружение на библиотеки
Напаѓачот на Манчестер Сити, Ерлинг Халанд ја доби наградата „Пријател на годината“ од норвешката Асоцијација на библиотеки. Најдобриот норвешки фудбалер не присуствуваше на самата церемонија, а наградата во него име ја примија двете сестри Нора и Софи.
Сител 3 часа
Еден од најголемите дата центри во Европа ќе биде изграден во близина на Кожани, во Грција
Еден од најголемите центри за податоци во Европа ќе биде изграден на локацијата на рудници за лигнит во близина на градот Кожани, северна Грција, јави Блумберг. Инвестицијата ја планира грчката национална компанија за електрична енергија ДЕИ, а нејзината вредност се проценува на 5,8 милијарди евра. Целта е рударењето лигнит да се замени со технолошки центар и производство на чиста енергија.
Сител 4 часа
Марта Кос со порака до Бугарија: Откако Македонија ќе го смени Уставот, сметаме на ваша поддршка
Оваа есен ќе биде есен на проширување на ЕУ, вели еврокомесарката Марта Кос во интервју за бугарската БНТ. По вчерашните најави на Фон дер Лајен, еврокомесарката за проширување денеска појаснува дека патоказите за најнапредните земји во процесот на пристапување во ЕУ се однесуваат на Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија.
Сител 4 часа
Гаши останува на своето - не го повлекува ставот за ОВК и покрај реакциите
Собранискиот спикер Африм Гаши нема да ја повлече јавната објава во која ја брани улогата на ОВК, по прогласувањето на водачите на некогашната формација за воени злосторници од Хашкиот трибунал. По реакциите во јавноста за позициите кои ги изнесе како висок државен функционер, Гаши вели дека функцијата која ја извршува не значи дека не може да го искаже ставот како поединец. 
Сител 4 часа
МВР ја казни жената што излезе од својот автомобил да фрли ѓубре во Лепенец
Сцена од скопските улици денеска го привлече вниманието на социјалните мрежи. На снимката забележана кај мостот каде што Лепенец се влева во Вардар, жена со луксузно Порше го запира возилото среде улица, излегува од автомобилот и ја истура кесата со ѓубре директно во реката. Пред да влезе назад во автомобилот, таа забележува дека е снимана од друго возило, па со насмевка и мавта на камерата и довикува „Чао“. Снимката брзо се рашири на интернет и покрена бран дискусии за односот на граѓаните кон природата.
Сител 4 часа
При полициска контрола во „Пулс“, лиценцата не им била дадена на увид
Сопственикот на „Пулс“, Дејан Јованов, не им ја дал лиценцата за работа на полицајците кои во март 2023 година биле во контрола на дискотеката. Ова денеска во судница го кажа сведокот, Деспина Симеонова, која по предлог на обвинителството, сведочеше на судењето за деветтемина полицајци обвинети дека овозможиле дискотеката незаконски да добие дозвола за работа. Според сведокот, лиценцата ја побарал нејзин колега, но Јованов се правдал дека документот бил кај книговодителот.
Сител 4 часа
Тендер за БРТ по години чекање и блокади, граѓаните скептични
По години стоење во место, БРТ конечно тргна – барем на хартија. Град Скопје го распиша тендерот за претквалификација - првиот чекор кон избор на компанија која ќе ја гради трасата на брзиот автобуски превоз. До 2 ноември заинтересираните ќе можат да се пријават. Компаниите кои ќе ги исполнат условите ќе можат да учествуваат во следната фаза од тендерот.  Ова во видео на Фејсбук го објави градоначалникот Ѓорѓиевски, но денеска не одговори на телефонски повици и пораки за повеќе детали. 
Сител 4 часа
Најнова технологија за косините кај Ботун
Челични конструкции колку 11 катници се спуштаат во земјата за да се стабилизира земјишето и изгради најтешкиот дел од автопатот Охрид-Кичево. Станува збор за градежна техника која за прв пат се користи не само во Македонија, туку и на Балканот. Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски истакна дека специфичните услови на терен со нестабилно земјиште и присуство на вода досега претставувале сериозен предизвик за изградбата но со ангажирање домашни и странски експерти е пронајдено решение.
Сител 4 часа
Македонија пред носење на првата Национална стратегија за Вештачка интелигенција
Македонија пред носење на Национална стратегија за Вештачка Интелигенција. Утре за првпат ќе биде презентиран првиот драфт документ кој ќе треба да ги обликува идните чекори на државата во поглед на технологијата која го менува светот. 
Сител 4 часа
На Неврологија хоспитализиран пациент со пост западно-нилски синдром
Од Инфективна пациент по прележување на акутната фаза на западно-нилска треска заврши на Неврологија. Веќе два дена е хоспитализиран на клиниката поради можни компликации од вирусот. Со неколку дијагностички процедури кои се во тек, невролозите проверуваат дали проблемите со нозете потекнуваат од тешката невроинвазивна форма на болеста што ја имал. 
Сител 4 часа
Струмичките пожарникари за првпат ја употребија новата авто-скала за неочекувана мисија
Струмичките пожарникари синоќа имале невообичаена интервенција која  за среќа, завршила со среќен крај. Тие со помош на авто скала влегле во стан на четвртиот кат, откако загрижен родител побарал помош бидејќи со часови не успевал да стапи во контакт со својата малолетна ќерка  која била сама во домот. Откако пристигнале на терен и преку терасата влегле во станот, пожарникарите го затекнале девојчето во цврст сон, поради што и не ги слушало повиците.