Прес 24




















Прес 24
Прес 24 10 минути
Маларијата стигна до Франкфурт – Тројца починати и осум заразени
Трето лице почина од маларија во близина на аеродромот во Франкфурт, во исклучително редок кластер на инфекции за кои германските власти се сомневаат дека би можеле да бидат поврзани со воздушниот сообраќај. Градските власти соопштија дека починал еден од двајцата заразени жители на округот Шванхајм, кои биле лекувани во универзитетската болница. И двајцата биле заразени
Прес 24 17 минути
Трамп пред клучна одлука за Иран: „Наскоро ќе одлучам дали да го уништам режимот или не“
Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека се наоѓа пред голема и важна одлука во врска со идните чекори кон Иран, нагласувајќи дека во игра се сите опции. Според извештајот на порталот Аксиос, Трамп најави дека на маргините на Генералното собрание на ОН во Њујорк ќе оствари средби со лидерите на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати,
Прес 24 28 минути
Утре ќе нема струја неколку часа – Проверете дали сте на списокот за исклучувања
Од Електродистрибуција информираат дека утре, 18.09.2026 година, во периодот од 09:00 до 12:00 часот, без струја ќе остане дел од селото Долно Соње во општина Сопиште. Прекинот е планиран поради реализација на задолжителни технички зафати и активности во мрежата со цел подобрување на квалитетот на снабдувањето со електрична енергија за корисниците од ова подрачје.
Прес 24 39 минути
Спремајте потопла облека, следната недела температурите паѓаат
Времето утре сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, соопшти УХМР. Од УХМР соопштија дека до сабота ќе се задржи претежно стабилно време. Во недела и понеделник ќе има повремени врнежи од дожд и услови за нестабилност со пороен дожд, појава на грмежи и засилен ветер.
Прес 24 44 минути
УХМР со најнови мерења во 20 часот – Погледнете каде е најладно а каде е најсвежо
Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) ги објави официјалните податоци за измерените температури во 20 часот, како и максималните дневни температури за денеска, 17 септември 2026 година. Според табеларниот приказ од мерните станици, во 20 часот највисока температура е измерена во Струмица со 24,0 степени, како и во Гевгелија со 23,6 степени и Велес со 23,3
Прес 24 1 час
Филипче: Состојбата во земјоделството е дел од пошироката криза во која се наоѓа државата
Претседателот на СДСМ, д-р Венко Филипче, во емисијата „Само интервју“, на телевизија Канал 5, нагласи дека власта потроши 5,5 милиони евра за Дејвид Гета, во услови кога лозарите се соочуваат со сериозни проблеми со откупот на грозјето. Филипче посочи дека целиот проблем со откупот на грозјето ќе беше решен со само 5,5 милиони евра, но
Прес 24 1 час
Филипче: Зошто Мицкоски веднаш не кажа дека се потрошени 5,5 милиони евра, туку се обиде да го скрие тоа и кажа ‘нула денари’?
Мицкоски ги лаже граѓаните во очи, дојде на власт со лаги и продолжува да владее со лаги, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во вечерашното гостување во емисијата „Само интервју“ на Канал 5 телевизија. „Мицкоски кажа дека граѓаните за прославата не потрошиле ниту денар. Веќе следниот ден, кога ги извадивме документите, стана јасно дека била
Прес 24 1 час
Мицкоски од Атлантскиот совет: Земјава ќе стане енергетска крстосница кон Централна Европа
Премиерот Христијан Мицкоски, во ново интервју за Атлантскиот совет, истакна дека во мултилатералниот свет не смее да се бега од дијалогот дури и за најтешките прашања, порачувајќи дека вистинските патриоти не се предаваат. Во фокусот на разговорите беа и стратешките енергетски проекти, евроинтеграциите и соработката со САД. Осврнувајќи се на односите со соседите и европскиот
Прес 24 1 час
Мицкоски од Атлантскиот совет: Имаме план и го остваруваме
Премиерот Христијан Мицкоски, во интервју за Атлантскиот совет за време на посетата на САД, истакна дека земјата ги исполнува своите ветувања и има јасен план, при што нагласи дека до 2035 година се планира достигнување на 3,5 отсто за воени расходи и 1,5 проценти инвестиции во стратешка инфраструктура. Мицкоски оцени дека државата е во многу
Прес 24 2 часа
Спречен терористички напад во Германија: Уапсен 24-годишник кој планирал масакр
Германските власти уапсија 24-годишен ирачки државјанин во сојузната покраина Бранденбург под сомнение за планирање терористички напади, при што како прва цел наводно била избрана црква во Бремен. Канцеларијата на федералниот обвинител во Карлсруе соопшти дека осомничениот ја споделува радикалната исламистичка идеологија на Исламската држава (ИСИЛ) и го товарaт за обид за основање терористичка организација, подготовка
Прес 24 2 часа
Се огласи Хашим Тачи по пресудата во Хаг: Останете смирени
Поранешниот претседател на таканареченото Косово, Хашим Тачи, кој беше осуден на 25 години затвор од Специјалниот суд во Хаг на 16 септември, испрати порака до јавноста преку својот главен адвокат на одбраната, Лука Мишетиќ, најавувајќи официјална жалба против пресудата. Мишетиќ ја пренесе благодарноста на Тачи за поддршката и упати повик до граѓаните да останат смирени.
Прес 24 2 часа
Приведен 34-годишен скопјанец во Аеродром: Управувал со дрон без соодветна дозвола
Вчера околу 21:00 часот во Скопје, на подрачјето на општина Аеродром, полициски службеници од СВР Скопје го приведоа Ф.А.(34) од Скопје, поради неовластено снимање со дрон без соодветна дозвола. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок. 
Прес 24 2 часа
Физичка пресметка за време на спортски натпревар во Аеродром – приведени двајца мажи
Вчера во 20:30 часот во спортска сала на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ги приведоа М.К.(24) и И.С.(30), двајцата од Скопје, затоа што сториле прекршок од Законот за спречување на насилството и недостојното однесување на спортските натпревари, односно физички се пресметувале додека траел ракометен натпревар. По целосно документирање на
Прес 24 3 часа
Инцидент во училишен двор во Скопје: Малолетник тешко повреден по физички напад од неколку врсници
Вчера околу 21:00 часот во СВР Скопје е пријавено дека во двор од основно училиште на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходна расправија, малолетник бил физички нападнат од неколку други малолетници, од кои едниот го познавал, при што се здобил со тешки телесни повреди. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.
Прес 24 3 часа
Дедо од Кавадарци нашол паричник, ја извадил картичката па си пазарувал: Заработи кривична пријава
ОВР Кавадарци поднесе кривична пријава против Р.Н.(70) од Кавадарци поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски системи”. Пријавениот претходно пронашол туѓ паричник и на 05.08.2026, без дозвола и согласност на сопственикот ја употребил платежната картичка и извршил наплата во четири наврати, при што се стекнал со противправна
Прес 24 3 часа
„Деверот не нападна“ – гостиварчанка повикала полиција
Вчера во 17:50 часот, 60-годишна жена од Гостивар пријави дека околу 16:00 часот во Гостивар, нејзиниот девер Р.М. физички ги нападнал неа и нејзиниот сопруг Л.М.. Се преземаат мерки за расчистување на настанот.
Прес 24 3 часа
Тешко повреден тинејџер – возејќи мотоцикл се судрил со автомобил
Вчера во 20:30 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на ул.„8 Септември“ во Кавадарци се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „фолксваген пасат“ со кавадаречки регистарски ознаки, управувано од Б.И.(44) од Кавадарци и мотоцикл со кавадаречки регистарски ознаки, управуван од О.Р.(18) од Кавадарци. Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, констатирани во
Прес 24 3 часа
Приведена пијана скопјанка – направила две сообраќајки
Во текот на изминатото деноноќие, на различни локации во државата, полициски службеници лишија од слобода пет возачи поради сторено кривично дело „безобѕирно управување возило“ по член 297-а од Кривичниот законик. Од нив, четири лица управувале возило без положен возачки испит и тоа: В.Н.(29) и Х.И.(20), двајцата од Скопје, Н.Н.(20) од Кавадарци и Р.Т.(20) од Куманово.
Прес 24 3 часа
Уапсена 42-годишна жена од Штип: Украла пари од паричник во Тетово
Вчера во 15:00 часот во населба Поток во Тетово, полициски службеници од СВР Тетово ја лишија од слобода Н.М.(42) од Штип, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“ по член 235 од Кривичниот законик. Таа се сомничи дека на 14.09.2026 одзела пари од паричникот на Н.Х.(64) од Тетово на неговото работно место
Прес 24 3 часа
Распуштена полициската единица за борба против дрога во Куманово поради слаби резултати
Регионалната организациска единица за борба против трговијата со дрога при СВР Куманово е целосно распуштена по 11 недели од нејзиното формирање, откако беа утврдени недоволни резултати во работењето. Мерката е преземена на предлог на директорот на БЈБ, Александар Јанев, со одобрение од министерот за внатрешни работи Панче Тошковски. Инцидектот или поточно кадровската промена уследи денеска