Радио МОФ




















Радио МОФ
Радио МОФ 2 часа
УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор во Македонија
УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор во Македонија, составен од истакнати претставници на бизнис-заедницата, чија цел е унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства. Членови на одборот се Неби Хоџа од „Окса груп“, Ирена Јакимовска од „Комфи Ангел“, Горан Марковиќ од „Македонски Телеком“, Живко Мукаетов од „Алкалоид“, ИванRead More
Радио МОФ 6 часа
Во сабота ќе се одржи микрофестивалот „Бостание“ кој ќе ги обедини градинарството, уметноста, храната и музиката
Во општествената градина „Бостание“ во Скопје на 19 септември, од 14 до 23 часот, ќе се одржи годинашното издание на микрофестивалот „Бостание“, посветено на темата „Вкоренување“. Влезот е слободен за сите заинтересирани посетители. Преку темата „Вкоренување“, фестивалот ќе ги истражува поврзаноста на луѓето со почвата, местото во кое живеат, заедницата, споделеното знаење и меѓусебните односи.Read More
Радио МОФ 8 часа
Работните спорови ја чинеле државата 64 милиони евра за пет години
Отсуството на ефикасен и системски пристап кон управувањето со работните спорови предизвикало одлив на повеќе од 64 милиони евра од државниот буџет во периодот од 2020 до 2025 година, покажува ревизијата на Државниот завод за ревизија. Според извештајот „Ефектите на судските постапки од работен спор врз буџетот на државата“, за овие судски постапки биле исплатениRead More
Радио МОФ 10 часа
ЕУ предлага забрана на социјалните мрежи за деца помлади од 15 години
Европската Унија планира да предложи забрана за самостојно користење социјални мрежи, платформи за споделување видеосодржини, чет-ботови со вештачка интелигенција и онлајн игри за лица помлади од 15 години. Ова го покажува документ на Европската комисија во кој агенцијата „Ројтерс“ имала увид. Предлогот е дел од иницијативата „Закон на ЕУ за децата“, чија цел е создавањеRead More
Радио МОФ 12 часа
Инклузивна промоција на три сликовници од Денис Јанкуловски во Тетово
Во рамките на дополнителната програма на 14. Интернационален литературен фестивал „ПРО-ЗА Балкан“, вечерва во 19 часот во „Europe House“ во Тетово ќе се одржи инклузивна промоција на три сликовници од Денис Јанкуловски Космонаутко. Пред публиката ќе бидат претставени изданијата на „Прозарт“ од Скопје: „Големиот сон“, „Другарко“ и „Другарка, другарко и две маченца“, илустрирани од НаташаRead More
Радио МОФ 1 ден
Институтот за демократија бара јавен и мерлив план за спроведување на препораките од скрининг – извештаите од ЕК за Македонија
Речиси четири години по почетокот на скринингот и повеќе од две и пол години по неговото завршување, потребно е препораките на Европската комисија да се претворат во конкретна, јавна и мерлива програма за реформи, порача Институтот за демократија „Социетас Цивилис“  Скопје. Европската комисија ги објави скрининг-извештаите за сите шест преговарачки кластери, со кои Северна МакедонијаRead More
Радио МОФ 1 ден
„Сведоштва“ e изложба на Виктор Настоски за човекот и општеството
Изложбата „Сведоштва“ на уметникот Виктор Настоски претставува емотивен запис, документ и социјална анатомија на човекот и средината во која живее. Портретите се замислени како траги од колективното искуство и меморија, инспирирани од настаните и процесите што оставиле длабоки последици врз современото општество. Во центарот на изложбата се детските портрети. Настоски не ги прикажува децата какоRead More
Радио МОФ 1 ден
МОН: До 30 септември се доставуваат документите за продолжување на ученичките стипендии
Учениците кои користат стипендија доделена во некоја од изминатите учебни години треба најдоцна до 30 септември 2026 година да ги достават документите потребни за продолжување на правото, соопшти Министерството за образование и наука. Постапката се спроведува електронски преку порталот за е-услуги на МОН. Учениците кои ги исполнуваат условите утврдени во договорот треба да прикачат потврдаRead More
Радио МОФ 1 ден
Промоција на книгата „Пустинско срце“ од Ана Пејчинова која претставува македонско сведоштво за Авганистан
„Пустинско срце“ од Ана Пејчинова претставува редок пример на документаристичка проза во современата македонска книжевност. Книгата е заснована врз петнаесетгодишното лично и професионално искуство на авторката во Авганистан, од првите години по падот на талибанскиот режим до распадот на авганистанската влада во 2021 година. Пејчинова го определува делото како книга на сеќавања заснована врз вистинитиRead More
Радио МОФ 1 ден
АНАЛИЗА: Капитални инвестиции, повеќе од половина од ресорите за осум месеци со реализација под 50%
Седум министерства заклучно со август успеале да потрошат повеќе од половина од парите за јавни инвестиции. Има ресори кои за осум месеци не успеале да реализираат ниту 20% од годишниот план, пишѕва  Порталб. Министерството за транспорт и Министерството за јавна администрација имаат највисок процент на остварување на капиталните расходи. „Рангирање“ според степенот на реализација на јавнитеRead More
Радио МОФ 2 дена
Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од македонски автори на странски јазици за 2026/2027 година
Министерството за култура и туризам објави Конкурс за финансирање превод и објавување на дела од автори од Република Северна Македонија на странски јазици за 2026/2027 година. Конкурсот содржи јасно дефиниран буџет, јасно утврдени услови, мерила и критериуми кои ќе обезбедат потранспарентен модел на поддршка, рамноправност и одговорно управување со буџетските средства. Целта на Конкурсот еRead More
Радио МОФ 2 дена
Ревизорите утврдиле слабости и нерационално трошење во јавните набавки на ЕСМ
Државниот завод за ревизија утврдил низа слабости и неправилности во планирањето, спроведувањето и реализацијата на јавните набавки во АД ЕСМ Скопје, меѓу кои ограничена конкуренција, недоволно истражување на пазарот, неискористени набавки и договори менувани со анекси без доволно образложение. Ревизијата опфатила 27 постапки за јавни набавки што се реализирале во 2024 година, од кои двеRead More
Радио МОФ 2 дена
Професии кои младите ги избраа како професии на иднината
Новите технологии и развојот на вештачката интелигенција забрзано го менуваат пазарот на трудот. Професии што биле актуелни пред само една деценија денес губат значење, додека се појавуваат нови работни места што бараат технолошки, аналитички и специјализирани знаења. Американското Биро за статистика на трудот објави проекции за движењето на вработеноста до 2035 година. Според нив, воRead More
Радио МОФ 2 дена
Повеќе странски отколку домашни туристи во јули, најмногу гости од Турција
Во јули 2026 година, 57 отсто од туристите во Македонија биле странски, додека 43 отсто биле домашни, покажуваат податоците за туристичкиот промет. Во текот на месецот биле остварени вкупно 795.083 ноќевања. На домашните туристи отпаѓаат 67,2 отсто од ноќевањата, а на странските 32,8 отсто. Податоците покажуваат дека, иако странските гости биле побројни, домашните туристи остварилеRead More
Радио МОФ 2 дена
Герила акција на Партизанска, поставена чекална како симбол на корупцијата во здравството
Чекална која ги симболизира најчестите форми корупција во здравството утринава беше поставена на скверот помеѓу булеварот Партизански одреди и улицата Ленинова. Станува збор за „герила“ акција чија цел е преку уметничка инсталација во просторот, директно да ги соочи граѓаните и надлежните институции со коруптивните практики во системот на јавното здравство. Инсталацијата, која е во обликRead More
Радио МОФ 2 дена
Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ е поставена во галеријата „КО-РА“
Изложбата „Скопски стрипосестри 2026“ беше отворена на 14 септември во галеријата „КО-РА“ во Скопје. Проектот е организиран од ЈУ Дом на култура „Кочо Рацин“ и Здружението „Стрип центар Стрипот може“ од Велес. На изложбата со свои дела се претставија визуелните и мултидисциплинарни авторки Дона да Видра, Евгенија Трајковска и Ангела Петрушевска. Тим-лидер на проектот еRead More
Радио МОФ 3 дена
(Колумна) Интернет археологија – Што раскажуваат старите форуми за културата на 2000-тите?
„Дигиталните плоштади“ пред ерата на алгоритмите Пред времето на бесконечното скролање и алгоритмите дизајнирани за постојано привлекување на вниманието, заедниците на интернет изгледаа сосема поинаку. Во текот на 2000-тите години, форумите беа вистинските дигитални плоштади. Тие беа простори каде што луѓето не се собираа за бркање вирална слава или бројка на следбеници, туку поради длабокиRead More
Радио МОФ 3 дена
Вештачката интелигенција го менува пазарот на трудот
Новите технологии и вештачката интелигенција забрзано го менуваат пазарот на трудот, а во следната деценија се очекува да расте побарувачката за стручњаци од технологијата, здравството, финансиите, управувањето и обновливите извори на енергија. Американското Биро за статистика на трудот објави проекции за движењето на вработеноста до 2035 година. „Бизнис инсајдер“ ги споредил овие податоци со висинатаRead More
Радио МОФ 3 дена
АНАЛИЗА: 35 години независност, повеќе во рецесија отколку со раст повисок од 5%, Јавниот долг од 1,8 скокна на 10,7 милијарди евра
Борба за економски раст повисок од 4%, лазечко темпо на примена на нови технологии, долгови и камати за заеми скоро колку вредноста на БДП. По 35 години државна независност, економијата стана зависна од кредити, не успеа значајно да ја подобри конкурентноста и постојано е изложена на надворешни ризици поради големата увозна зависност – велат аналитичаритеRead More
Радио МОФ 3 дена
(ИНТЕРВЈУ) Јана Чубриноска: „Во фудбалот резултатите ги рушат бариерите и предрасудите“
Љубовта кон фудбалот кај Јана Чубриноска започнала уште во детството, под влијание на нејзиниот татко, поранешен фудбалер и тренер. Од игрите со другарчињата на улица и првите тренинзи во ФК „Форца“, патот ја одвел до настапи во дресот на македонската женска фудбалска репрезентација. Денес таа повеќе не игра активно, но останува на теренот како тренеркаRead More