Градот Њујорк годинава поправи 200.000 дупки на улиците, а јубилејната, 200.000-та, беше санирана на улицата „Траутман“ во Бушвик, Бруклин, на 17 септември. Во акцијата учествуваа екипи на градскиот Оддел за транспорт, како и работник од системот 311, преку кој граѓаните ги пријавуваат проблемите во градот.