Емитер










Емитер
Емитер 20 дена
Климатски промени – објаснување (1)
Овие неколку недели на сите телевизиски канали први вести се оние за пожарите во Македонија и најчесто од терен се јавува Стојанче Ангелов. И тој и луѓето што учествуваат во гаснењето на пожарите заслужуваат големо признание, но треба да бидат и добро наградени.
Емитер 22 дена
Од пластично шише до храна
На масата пред вас стои мало, крцкаво колаче. Ви се насмевнува и ве мами да го земете. Изгледа сосема обично, но неговото потекло е сè освен тоа. Дел од јаглеродот од кој е направено можеби некогаш бил во пластично шише или во растителен отпад. Наместо да заврши на депонија, тој поминал низ лабораториски процес во кој микроорганизми го претвориле во состојки што може да се користат за храна.
Емитер 22 дена
Дали фотографирањето на одморот нè оддалечува од моментот?
Шетате покрај море пред зајдисонце. Глетката е спектакуларна. Го вадите телефонот, го барате вистинскиот агол и ‘штрак’ – правите фотографија. Веројатно, речиси инстантно ја објавувате на Instagram или Facebook. Дали на овој начин, наместо да уживате во моментот, всушност го пропуштате?
Емитер 23 дена
Тајните за феноменот “Стаклена градина на земјата”
Како што CO2 ја заробува топлината, иднината не ни е розова. Со оглед на тоа што сè уште масовно се користат фосилните горива температурата на Земјата и понатаму ќе расне. На тоа што како CO2 е веќе исфрлено во атмосферата му требаат векови за да се неутрализира по природен пат, 10години за метанот. А поради новите емисии што сè уште се одвиваат температурата на Земјата и во наредниот период ќе се зголемува.
Емитер 23 дена
Клетките имаат свој ритам, а малигните го менуваат
На прв поглед, клетките во нашето тело изгледаат како ситни, неподвижни единици. Но, погледот под микроскоп открива една сосема поинаква слика. Тие постојано се движат, се шират, се собираат и комуницираат со соседите. Сега истражувачите од MIT открија дека ова движење има и своевиден ритам, а начинот на кој клетките го одржуваат тој ритам се разликува кај здравите и кај малигните клетки.
Емитер 24 дена
Кина го забрзува исфрлањето на оперативниот систем Windows
Кина им наложи на државните институции итно да ја отстранат прилагодената верзија на Windows 10, со цел да се забрза преминот кон домашни софтверски решенија.
Емитер 24 дена
Галаксија – мојот прв персонален компјутер
Во времето на поранешна Југославија, некаде во есента 1983 година, списанието ГАЛАКСИЈА од Белград ги извести своите читатели дека нивниот соработник Воја Антониќ дизајнирал персонален компјутер, подоцна наречен GALAKSIJA, наменет за аматери кои можат да го направат по принципот “Направи сам”. Илјадници аматери ширум тогашната држава ги засукаа ракавите и се нафатија самите да го изработат овој компјутер. Меѓу нив и нашиот соработник д-р Петар Николовски, дипл. инж. арх. Понатаму во текстот ви ги пренесуваме искуствата за самоградбата, како и неколку основни детали за самиот компјутер.
Емитер 27 дена
Кинескиот маглев 'лета' со брзина на патнички авион
Експерименталниот маглев-воз тежок 1,1 тон постави нов рекорд во забрзување на кратко растојание, трет ваков рекорд на истата платформа во период од само шест месеци. При тестовите што кинеските инженери ги спровеле во лабораторијата Донгху во провинцијата Хубеи, маглев возот поставен врз специјална тест-пруга, за само 5,3 секунди била достигнал брзина од 800 километри на час! Тоа е брзина споредлива со брзината на крстарење на патнички авион – но постигната на земја, на траса долга едвај еден километар.
Емитер 28 дена
Колку LED светилките влијаат врз здравјето
Цел ден работите во канцеларија во која нема прозорци. Над вас светат LED светилки, компјутерот е вклучен, а природна сончева светлина речиси и да нема. За многумина ова е нормално секојдневие. Но, според едно истражувачко гледиште што го развива професорот Глен Џефери од Универзитетскиот колеџ во Лондон (UCL), можеби на ваквото осветлување му недостига нешто што нашите клетки го добивале со милиони години – поширокиот спектар на сончевата светлина.
Емитер 28 дена
Ако може плажа на Сена во Париз, зошто да не и на Вардар во Скопје?
На овие пеколни горештини скопјани не можат да се освежат и да пливаат бидејќи нема градски плажи, а малиот број базени се далеку од задоволување на потребите на граѓаните. Низ градот тече реката Вардар, најголемата река во Република Македонија, но таа е премногу загадена. Центарот за јавно здравје има донесено забрана граѓаните да ја користат водата во Вардар за пливање, риболов и наводнување.