Zoom




















Zoom
Zoom 31 минути
Најдобрата пица во светот не е од Италија – почнал со трицикл, денес е светски број еден
Пицеријата „Napoli on the Road“ од Лондон, основана од готвачот Микеле Паскарела, го освои првото место на изборот „50 Top Pizza World Awards 2026“, оставајќи зад себе стотици конкуренти од целиот свет. Победникот беше прогласен во Неапол, родниот град на пицата. Паскарела го започнал бизнисот во 2016 година со трицикл „Piaggio Ape“, во кој поставил […]
Zoom 41 минути
Хаг ќе одлучува за репарации за жртвите во предметот против поранешните лидери на ОВК
Судот во Хаг денеска соопшти дека ќе отвои постапка за надомест на штета на оштетените во предметот против поранешните лидери на ОВК, Хашим Тачи, Кадри Весели, Реџеп Селими и Јакуп Красниќи, кои беа осудени на повеќегодишни затворски казни за воени злосторства. Судскиот совет II одлучи да спроведе постапка за репарации, наместо жртвите да ги упати […]
Zoom 1 час
Полска повторно затвори два аеродрома поради руските напади врз Украина
Полска денеска по вторпат привремено го прекина сообраќајот на аеродромите во Лублин и Жешов поради активности на воената авијација, додека Русија изведува нови воздушни напади врз Украина. Полските вооружени сили соопштија дека противвоздушната одбрана е активирана поради руските напади врз цели во централна Украина, нагласувајќи дека станува збор за превентивни мерки за заштита на полскиот […]
Zoom 2 часа
Која е вашата најголема слабост според хороскопскиот знак
Секој хороскопски знак има свои силни страни, но според астрологијата и по некоја слабост која може да му го отежне животот. Овен – нетрпеливост Овните сакаат брзо да дејствуваат, па понекогаш носат одлуки пред добро да размислат. Бик – тврдоглавост Биковите сакаат стабилност и тешко прифаќаат промени, особено кога веќе донеле одлука. Близнаци – неодлучност […]
Zoom 2 часа
Трамп ѝ се закани на ЕУ со високи царини поради Канада
Американскиот претседател Доналд Трамп се закани со високи царини за Европската Унија доколку Канада стане нејзина прва „придружена членка“, оценувајќи дека таквиот потег би можел да претставува „непријателски чин“ кон САД. Трамп ја нарече идејата „смешна“ и рече дека, доколку процени оти потегот е насочен против САД, би можел да воведе многу високи царини или […]
Zoom 3 часа
Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени регистриран на Алјаска
Земјотрес со магнитуда од 6,3 степени е регистриран на Алјаска, соопшти Американскиот геолошки институт (USGS). Потресот е регистриран во близина на местото Николски, пренесува Ројтерс. Според податоците на USGS, земјотресот бил на длабочина од 83 километри. Засега нема извештаи за причинета материјална штета, ниту е издадено предупредување за цунами. ©Makfax.com.mk Доколку преземете содржина од оваа […]
Zoom 3 часа
Утре сончево време со температура до 32 степени, в недела и понеделник ќе има повремени врнежи
Времето утре ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 8 до 16, а максималната ќе достигне од 26 до 32 степена. Во Скопје, сончево со мала облачност. Ќе дува слаб ветер од југоисточен правец. Минималната температура ќе […]
Zoom 4 часа
„Мајкрософт“ го критикува „Антропик“: Обуката на ВИ може да го отежне нејзиното исклучување
Еден од директорите во Мајкрософт го критикуваше Антропик во врска со прашањето за свеста на вештачката интелигенција. Директорот за вештачка интелигенција во компанијата Мајкрософт, Мустафа Сулејман, го критикуваше пристапот на компанијата Антропик во однос на развојот на свеста кај вештачката интелигенција. Тој предупреди дека начинот на кој се обучуваат моделите би можел во иднина да […]
Zoom 4 часа
Туск: Ако нè нападнат, ќе одговориме заедно со сојузниците
Полскиот премиер Доналд Туск предупреди дека Полска мора да биде подготвена за различни безбедносни сценарија, оценувајќи дека Русија веќе води хибридна војна против неговата земја. „Полска и полскиот народ во никој случај не можат да си дозволат наивност. Мора да ги темелиме нашите постапки на факти, а тие факти се недвосмислени“, изјави Туск на прес-конференција […]
Zoom 4 часа
УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор во земјата
УНИЦЕФ основа Бизнис советодавен одбор (Business Advisory Council – BAC) во Северна Македонија, обединувајќи истакнати претставници од бизнис заедницата кои се посветени на унапредување на правата и благосостојбата на децата преку одговорни деловни практики, иновации, застапување и партнерства. Одборот го сочинуваат Неби Хоџа (Oxa Group), Ирена Јакимовска (Комфи Ангел), Горан Марковиќ (Македонски Телеком), Живко Мукаетов […]
Zoom 4 часа
Во Гостивар уапсен 42-годишен маж: избегал од затворот „Идризово“
Денеска во Гостивар, полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка – Одделение за потраги, Отсек за потрага по цел, во содејство со полициски службеници од Одделението за внатрешни работи Гостивар, го лишиле од слобода 42-годишниот Е.А. од Гостивар, кој бил во бегство од Казнено-поправната установа Затвор „Идризово“. Е.А. бил осуден на казна затвор во […]
Zoom 5 часа
Проштална средба на министерот Тошковски со британскиот амбасадор Метју Лосон: Потврдена соработката во борбата против организираниот криминал и илегалната миграција
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски денеска оствари проштална средба со амбасадорот на Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска во Република Северна Македонија, Н.Е. Метју Лосон, по повод завршувањето на неговиот дипломатски мандат во земјава. На средбата беше изразено заемно задоволство од досегашната конструктивна соработка меѓу двете држави, со посебен осврт на партнерството […]
Zoom 5 часа
(Видео) Зеленски објави снимка од голема ноќна операција: уништени се авиони и хеликоптери
Украинскиот претседател Володимир Зеленски објави снимки од напади со беспилотни летала врз рафинерија за нафта во Русија и врз авиони на аеродром во Ростов. Ударите, изведени во текот на ноќта, биле дел од заедничка операција во која учествувале повеќе украински служби, а беа потврдени и од Генералштабот на вооружените сили на Украина, пренесува „Украинска правда“. […]
Zoom 5 часа
Сменета единицата за борба против дрогата во Куманово, Јанев: Кога резултатите изостануваат, следува одговорност
Директорот на Бирото за јавна безбедност, Александар Јанев, денеска оствари работна посета на Секторот за внатрешни работи Куманово, каде што во фокусот беа безбедносната состојба и борбата против нелегалната трговија и дистрибуција на дрога и психотропни супстанции на подрачјето на Куманово, Кратово и Крива Паланка. По 11 недели од формирањето на Работниот тим за борба […]
Zoom 5 часа
Продолжува проектот Битола-велоград
Градоначалникот на Битола Тони Коњановски денеска најави продолжување на проектот Битола-велоград. „Сакам да Ве информирам дека продолжуваме со изградба на нови велосипедски патеки во Битола. Досегашните пет километри на улиците „Васко Карангелевски“ и „Партизанска“ ги надградуваме со уште над 2 километри велосипедски патеки во поранешната касарна. Од другата страна се работи на проектна документација за […]
Zoom 5 часа
Гаши во работна посета на Кичево: со градоначалникот разговарано за актуелните прашања и приоритети на градот
Претседателот на Собранието на Република Северна Македонија, Африм Гаши, денеска престојуваше во работна посета на Општина Кичево, каде оствари средба со градоначалникот, д-р Александар Јовановски. На средбата се разговараше за актуелните прашања и приоритети на граѓаните на Кичево, како и за унапредување на соработката меѓу локалната самоуправа и државните институции. Во рамки на посетата, претседателот […]
Zoom 6 часа
Крводарителска акција во ЗОО Скопје на 19 септември
Црвениот крст на Република Македонија – Општинска организација Карпош, во соработка со Зоолошка градина Скопје, организира крводарителска акција која ќе се одржи во сабота, 19 септември 2026 година, во Едукативниот центар на ЗОО Скопје. Акцијата ќе се одвива во периодот од 11:00 до 18:00 часот, а целта е да се поттикне хуманоста и солидарноста меѓу […]
Zoom 6 часа
„Со новиот ДУП за Барутана, сите жители на Центар ќе плаќаат за апетитите на неколкумина“, велат од ЗНАМ
„Теренот на Водно каде се предвидува изградба на населба со хациенди бара сложени и извонредно скапи градежни зафати. ​Доколку се прифати предлог ДУП-от за Барутана, Општина Центар ќе биде обврзана да го уреди градежното земјиште, да се направат две нови улици и да ја изгради неопходната водоводна и канализациона инфраструктура“, велат од ЗНАМ. „​Парите кои […]
Zoom 6 часа
Ферати-Вал: Фокус на дијалогот меѓу заедниците и спречувањето на насилството
Министерот Агон Ферати оствари средба со амбасадорот на ОБСЕ во Скопје, Килијан Вал. На почетокот на средбата, министерот Ферати му се заблагодари на амбасадорот Вал за поддршката што ОБСЕ ќе му ја обезбеди на Министерството, со пет тематски експерти и еден водечки експерт, со цел да се даде поддршка во изработката на Националната стратегија за […]
Zoom 6 часа
„Федра – Антропологија на една желба“: Дино Мустафиќ ги судира Расин и Сара Кејн во една театарска вечер
Драмски театар Скопје на 19 септември, со почеток во 20:00 часот, премиерно ќе го изведе диптихот „Федра – Антропологија на една желба“, во режија на Дино Мустафиќ, театарски проект што во една вечер ги соочува „Федра“ на Жан Расин и „Љубовта на Федра“ на Сара Кејн. Две драми што ги делат векови, јазик и поетика […]