ТВМ




















ТВМ
ТВМ 4 часа
Објавено решението за доделување еднократна финансиска поддршка на лице кое е згрижено во згрижувачко семејство
Oпштина Охрид донесе решение за доделување еднократна финансиска поддршка за лице кое е згрижено во згрижувачко семејство.
ТВМ 4 часа
Оглас за доделување на дозвола и за вршење на општински линиски превоз за линија
Линиите се доделуваат за период од 5(пет) години сметано од денот на добивање на дозволата за вршење на бараниот превоз.
ТВМ 7 часа
Со бетонски столбови до 28 метри во земја се стабилизираат свлечишта на автопатот Охрид – Кичево
Со специјална технологија, која за првпат се применува во земјава и во регионот, се решава најсложениот дел од изградбата на автопатот Охрид-Кичево. Кај село Ботун под земја се вградуваат бетонски столбови длабоки до 28 метри, со кои треба да се стабилизираат косините и да се обезбеди трасата. Вкупно ќе бидат изградени околу 250 вакви столбови, од кои 163 кај Ботун.Вицепремиерот Николовски денеска изврши увид на градежните работи.
ТВМ 7 часа
Тешко повреден мотоциклист во сообраќајка на патот Охрид–Св. Наум
Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, кои биле констатирани во Специјалната болница „Св. Еразмо“ во Охрид.
ТВМ 8 часа
Поради дефект неколку часа без вода ќе бидат корисниците од повеќе улици во Охрид
Екипи на ЈП ВОДОВОД Охрид се на терен, до целосно завршување со санацијата.
ТВМ 9 часа
Левица: Поради пропусти во Центарот за социјална работа, најсиромашните во Охрид останаа без оброк
Од Левица Охрид посочуваат дека од денеска, и граѓаните кои имаат решение од Меѓуопштинскиот центар за социјална работа Охрид за добивање еден оброк дневно, остануваат без оваа основна социјална услуга., откако Народната кујна е затворена поради реновирање на кујната во Студентскиот дом „Никола Карев".
ТВМ 9 часа
Телесни камери на граничните премини Табановце, Блаце и Ќафасан воведе Царинската управа
Царинските службеници при вршење на својата должност ќе имаат право да ја снимаат целата постапка, а снимките ќе можат подоцна да се користат како доказ во прекршочни и кривични постапки. Камерите се донација од Министерството за правда на САД.
ТВМ 10 часа
Документарниот филм „Македонецот“ ќе биде прикажан во Охрид на културниот настан „ Патување кон корените“
Културниот настан „Враќање кон корените“ отвора простор за потсетување на личните и колективните приказни поврзани со минатото и наследството што се пренесува низ генерациите.
ТВМ 10 часа
Утре целосно за сообраќај ќе биде затворен дел од улицата „7- ми Ноември“
Времената забрана за сообраќај ќе трае до завршување на градежните работи
ТВМ 10 часа
„Бистри Умови” со бесплатни курсеви, натпревари и вредни награди за ученици од цела Македонија
Целта е едноставна, но важна: талентот да биде препознаен навреме и секое мотивирано дете да добие можност да учи и напредува, без разлика каде живее и какви се финансиските можности на неговото семејство.
ТВМ 11 часа
Утре и задутре ќе се одржи 2. Меѓународен научен симпозиум за теоретска медитеранска археологија – Лихнида
Симпозиумот ќе се одржи од 18 до 20 септември 2026 година во Охрид, под темата „Медитеранската археологија помеѓу империите и империјализмот“.
ТВМ 13 часа
Светиот пророк Мојсеј Боговидец
Пророк и Боговидец Мојсеј (1531 г. пред Христа)
ТВМ 13 часа
Денес променливо облачно со сончеви периоди
Во Охрид денес темппературите од 14 до 24 степени Целзиусови.
ТВМ 1 ден
Шајн: Од кога е неисправна водата во ОУ „Братство и Единство“ – Лескајца и зошто?
Претседателот на ОО на СДСМ Охрид бара градоначалникот и директорот на ЈП „Водовод“ јавно да ги објават резултатите од испитувањето на водата и да дадат одговор на повеќе прашања.
ТВМ 1 ден
Во ОЕМУЦ „Св. Наум Охридски“ се одржа средба на Комисијата за дуално образование
Средбата помина во конструктивна атмосфера, со заедничка определба на училиштето, компаниите и институциите за продолжување на соработката и создавање подобри услови за стекнување практични знаења и вештини кај учениците.
ТВМ 1 ден
РСБСП: Оставете го автомобилот кога можете, пешачете, возете велосипед и користете јавен превоз
Од 16 до 22 септември се одбележува Европската недела на мобилност, која годинава потсетува на важноста од изборот на поодржливи и побезбедни начини на транспорт.
ТВМ 1 ден
Археолошкото богатство во земјава чека подобра промоција и дигитализација
Околу 200 регистрирани археолошки локалитети има во охридскиот регион, а повеќе од 5.000 на територијата на државата. Но, голем дел од ова богатство сè уште не е доволно достапно и препознатливо за јавноста и туристите. Археолозите бараат поголема институционална ангажираност, подобра инфраструктура и современа дигитална презентација на културното наследство.
ТВМ 1 ден
Уписите во „Акваспирит“ сè уште траат, започнаа тренинзите во покриениот базен во Струга
Од клубот ги повикуваат сите заинтересирани да се приклучат и заедно со останатите членови да ја започнат новата сезона.
ТВМ 1 ден
Расте бројот на иницијативи до Уставниот суд, но довербата во судството останува предизвик
Довербата во судството е на историски ниско ниво, а за нејзино зголемување се потребни радикални промени. Уставниот суд преку поголема транспарентност и отвореност се обидува да ја доближи својата работа до граѓаните, а како едно од решенијата се посочува и воведувањето сеопфатна уставна жалба, со која граѓаните директно би можеле да ги штитат своите права. За довербата во уставното судство се разговара на регионалната конференција во Охрид.
ТВМ 1 ден
Уште три дена до хуманитарна и спортско-рекреативна акција „ЗА ПОСРЕЌНО ДЕТСТВО“, набавете учеснички број
Продажбата на учесничките броеви е во тек. Мобилните тимови на волонтери на Црвен крст Охрид се достапни со учесничките броеви на повеќе пунктови во градот, а учесничките броеви ќе можат да се набават и во просториите на Црвен крст Охрид, ул. Димитар Влахов бр. 52, како и на самиот ден на настанот на Градскиот плоштад „Климент Охридски“.