Основното јавно обвинителство Скопје отвори истрага против 28-годишна жена, осомничена дека се обидела да ја убие бабата на својот сопруг, со која живееле во семејна заедница. Според Обвинителството, на 15 август, во дом на улицата „Борис Бојаџиски“, осомничената при вршење семејно насилство влегла во собата каде што одмарала жената, родена во 1938 година, и ја заклучила вратата.