Револтот кај локалното население во Општина Студеничани ескалираше откако жителите на селата Пагаруша и Вртекица денеска повторно излегоа на терен и целосно ја блокираа локалната патна инфраструктура. Со овој радикален чекор, мештаните го исполнија своето ветување дека нема да дозволат понатамошно уништување на нивните патишта од страна на приватниот концесионер…