Започнаа теренските активности за целосно уредување на една од најатрактивните планинарски рути на Баба Планина – патеката Нижо Поле – Големо Езеро – Брајчино, во вкупна должина од околу 19 километри. Зафатот предвидува целосно расчистување на вегетацијата по должината на патеката, обновување на Кнафелцовата планинарска сигнализација, како и поставување нова зимска маркација на правецот Нижо […]