Развојот на вештачката интелигенција се појавува како еден од најголемите инвестициски облози во историјата на САД, со потенцијал да ја надмине изградбата на железничката мрежа, автопатите и интернет инфраструктурата, објави во анализа „Волстрит џурнал“. Тоа создава работни места и ги поддржува градежништвото и берзите, но го зголемува долгот, конкуренцијата за ресурси и ризиците за економијата.