Денес на територијата на Македонија ќе се задржи променливо облачно со сончеви периоди. Наместа ќе има зголемена облачност и услови за слаб дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Утринските температури се движат од 6 до 14, додека највисоките дневни соодветно ќе бидат во интервалот меѓу 15 и 23 Целзиусови степени.