По разни перипетии, по многу параметри најдобриот кошаркар на Панатинаикос во изминатите две сезони, Чеди Осман не доби нов договор од Панатинаикос кој реши да го продава. Доби Турчинот роден во Охрид богата понуда од солунски ПАОК, ја прифати и се пресели во Солун. Синоќа го реши Панатинаикос во полуфинале на грчкиот Супер Куп игран во Перистери со кош во последна секунда. На Жељко Обрадовиќ не му се веруваше што се случило.