Роберто Манчини направи необичен потег во пресрет на гостувањето на Италија кај Турција во Лигата на нации. Италијанскиот селектор одлучи десет репрезентативци да не патуваат со тимот во Бурса, туку да останат во тренинг-центарот во Коверчано и да работат според посебна програма.