Вчера во 08:41 часот во СВР Скопје, од Јавна здравствена установа „Св.Наум Охридски“ Скопје било пријавено дека кај нив со повреди бил донесен Т.Н.(60) од с.Марино, скопско. Според пријавеното, тој се здобил со повредата додека извршувал работни задачи во Јавното комунално претпријатие Водовод – Илинден. За настанот е известен трудов инспектор.