Поради планирана интервенција на водоводната мрежа, утре, 28 септември, без вода ќе останат корисниците на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ во Општина Аеродром. Од ЈП „Водовод и канализација“ информираат дека прекинот е поради изведување водоводен приклучок со профил Ф-150 мм на булеварот „Видое Смилевски – Бато“ бб, во близина на полициската станица.