Амандманите во Собрание кои го “закочија” новиот закон за заштита од пушење цигари добија негативно мислење од министерството за здравство. Меѓу предлозите во новото законско решение имало и предлог да се дозволат т.н соби за пушење во институции, приватни фирми или угостителски објекти. Според министерот Сашо Клековски со предложените амандмани ќе се овозможи заобиколување на предвидените одредби.