Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ


Пулс live
  • 1.835вести денес
  • 163извори
  • 214активни теми
  • 81вести во последните 60 мин.
Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ
Сител • 2 часа

Мицкоски: Нема да прифатиме процес со нови вета и уцени на патот кон ЕУ

Досегашните билатерални средби меѓу македонските и бугарските претставници биле само „средби колку да се случат средби“ по кои, секоја страна излегувала со различна вистина, оценува премиерот Христијан Мицкоски. Според него, реалност е дека има билатерален спор и токму затоа е неопходно директно присуство и посредништво од Европската унија. Мицкоски вели дека Македонија нема да прифати процеси кои носат ризик од постојани вета и уцени на патот кон полноправното членство.