Кинотеката на Македонија во октомври ќе прикаже серија значајни македонски филмови кои годинава одбележуваат јубилеи. На програмата се остварувања што оставиле значаен белег во македонската кинематографија, меѓу кои „Среќна нова ’49“, „Црно семе“, „Прашина“, „Тетовирање“, „Панкот не е мртов“ и „Мирно лето“.