Делчево очекува деблокада на општинската сметка


Пулс live
  • 2.115вести денес
  • 163извори
  • 223активни теми
  • 114вести во последните 60 мин.
Делчево очекува деблокада на општинската сметка
Сител • 1 час

Делчево очекува деблокада на општинската сметка

Општина Делчево работи на деблокирање на сметката, која со години го ограничува работењето на локалната самоуправа. Градоначалникот вели дека процесот е во тек и дека преостанатиот долг значително е намален. -Ние како Општина Делчево активно работиме на одблокирање на самата сметка на Општина Делчево, затоа што навистина е тешко да се работи со лимит од 8,5 милиони денари, изјави Иван Гоцевски, градоначалник на Делчево. Според градоначалникот, општината наследила долг од околу 190 милиони денари, а денес преостанале околу 35 милиони.