Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село


Пулс live
  • 2.115вести денес
  • 163извори
  • 223активни теми
  • 114вести во последните 60 мин.
Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село
Сител • 1 час

Средновековната кула на Беласица ќе стане дел од туристичката понуда на Ново Село

Средновековната кула на Беласица, која била користена и во времето на Цар Самуил, ќе стане дел од туристичката понуда на Општина Ново Село. По извршената конзервација од страна на струмичкиот музеј, локалната самоуправа најавува целосна реконструкција и ставање на кулата во функција за туристите. Станува збор за масивен објект со квадратна основа од 10 на 10 метри и ѕидови дебели до три метри. Според археолозите, кулата датира од 5. и 6. век, а подоцна била дел и од одбранбениот систем во времето на цар Самуил.