Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва поднесе оставка од функцијата за да може да учествува во предизборната кампања за парламентарните избори што се закажани на 25 октомври. Тој на претпоследниот ден од неговиот мандат помилувал 49 лица, од кои 23 биле поврзани со протестите што траат речиси две години, потоа 12 луѓе од „Новосадската група“, како и 11 лица, кои учествувале во инциденти против „блокадерите“.