Ана Брнабиќ и формално ја презеде функцијата вршител на должноста претседател на Србија, по оставката на Александар Вучиќ. На примопредавањето во зградата на Претседателството, Вучиќ ѝ ги предаде документите и претседателскиот печат, а бидејќи денеска Брнабиќ го слави и роденденот, ѝ подари и букет цвеќе. Брнабиќ ќе ја извршува функцијата до изборот на нов претседател.