Фудбалската репрезентација на Македонија патува за Љубљана, каде утревечер го игра следниот натпревар од новото издание во Лигата на нации. Дуелот со Словенците е нова шанса за подобрување на впечатокот по поразот и лошото издание против Швајцарија. Мотиви и желба за подобра презентација секако има.