Театарот „Јордан Хаџи Константинов-Џинот“ со доделувањето на наградите го заокружи 23. издание на Фестивалот на античка драма „Стоби“, кој се одржа од 15 до 24 септември во Велес. Комисијата во состав Весна Димитровска Бобевски, претседателка, Кети Борисовска, членка, и Пеце Ристевски, член, ги донесе одлуките за најуспешните остварувања на фестивалот, при што признанијата им беа […]