Фудбалската репрезентација на Македонија денеска замина за Љубљана, каде во вторник ќе го одигра вториот натпревар во Лигата на нации против селекцијата на Словенија. По убедливиот пораз од Швајцарија со 0:3 на стартот од натпреварувањето, избраниците на селекторот Гоце Седлоски патуваат во словенечката престолнина со желба да го поправат впечатокот и да покажат далеку подобро издание.