Европската унија подготвува конкретни патокази за пристапување за четири земји кандидатки – Црна Гора, Албанија, Украина и Молдавија. Според „Политико“, документите треба попрецизно да утврдат што се очекува од кандидатите, но и кои обврски ги имаат земјите членки во следните фази од процесот. Во патоказите се очекуваат и ориентативни рокови за затворање на преговарачките поглавја