Премиерот Христијан Мицкоски по повод Меѓународниот ден на Бошњаците, упати честитки до сите припадници на бошњачката заедница. - Нашата различност е нашата сила, а заедничкиот живот, меѓусебното почитување и разбирањето се темелите врз кои ја градиме нашата држава - пишува во денешната објава на Фејсбук-страницата на премиерот.