Родум од Халкидон. Татко и беше сенаторот Филофрон, а мајка Теодорисија, обајцата благочестиви христијани. Ефимија беше прекрасна девица и по тело и по душа. Кога антипатот Приск устрои празник за жртвопринесување на Ареј во Халкидон, тогаш четириесет и деветмина христијани се засолнија од тоа скверно жртвопринесување и се сокрија. Но ги пронајдоа и ги изведоа […]