Времето денеска ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во југоисточните делови ќе има услови за слаби врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од североисточен правец. Минималната температура ќе биде во интервал од 1 до 11, а максималната ќе достигне од 19 до 26 степени.