Здружението за меѓународна младинска соработка „Интерактив“ од Битола денеска во Кичево организира тркалезна маса на тема „Локални мерки за хуман третман на бездомните животни во Кичево: предизвици и следни чекори“. На настанот ќе бидат презентирани резултатите од граѓанскиот мониторинг на реализацијата на изборното ветување за изработка на проект и изградба на стационар за бездомни кучиња.