Посебно прашање имам за ЗНМ и за Советот за етика во медиумите. Кога новинари и јавни личности се изложени на закани поради своите текстови и ставови, очекувам овие организации да реагираат принципиелно. Не само кога им одговара темата. Не само кога се работи за луѓе со кои се согласуваат. Туку секогаш кога новинар или јавен автор е предмет на закани и заплашување. Молкот во вакви ситуации отвора сериозни прашања.