Во три одделни случаи во Тетово и Гостиварско, полицијата лишила од слобода тројца малолетници кои биле затекнати како управуваат моторни возила без возачка дозвола. Возилата се одземени, а по целосно документирање на случаите ќе следуваат соодветни поднесоци.