Во текот на изминатата седмица, екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје отстраниле 915 кубни метри непрописно одложен отпад од јавни и сообраќајни површини во сите скопски општини. Најголемо количество отпад од диви депонии, според соопштеното, бил подигнат во општината Центар, каде што се расчистени вкупно 185 кубни метри непрописно одложен отпад. „Еко-патролата на ЈП Комунална хигиена-Скопје минатата недела изготви 15 записници …