„Деновиве се појави спот на косовскиот рапер DON XHONI, снимен во внатрешноста на споменикот „Македониум“ во Крушево“, истакнуваат од Левица. Секторот за култура на Левица, додаваат од партијата, најостро реагира на ваквото користење на Македониумот, бидејќи, како што велат, станува збор за меморијален комплекс посветен на Илинденското востание и Народноослободителната борба, во чија внатрешност се наоѓа гробот на Никола Карев …