Пукната топловодна цевка на вториот кат ја предизвикала поплавата во зградата на поранешно НИП „Нова Македонија“, а за нормализирање на работата ќе бидат потребни уште пет до шест дена. Струјата останува исклучена бидејќи водата навлегла во електричните инсталации, а екипите на СОЗР веќе работат на санација.