Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски најави дека утре, 30 септември, со почеток во 10:00 часот, ќе се одржи најмасовната еколошка акција за чистење на Скопје под мотото „Да оставиме пример, не ѓубре!“. Во акцијата ќе учествуваат неколку илјади волонтери, сите скопски општини, градоначалниците, претставници од амбасадите, ученици, јавни личности, спортисти и бројни граѓани. Активноста ќе се спроведе