Економскиот сентимент во еврозоната падна во септември, пред сè поради скептицизмот кај потрошувачите, покажува денеска објавениот извештај на Европската комисија. Индикаторот за економски сентимент (ESI) во еврозоната падна за 0,5 поени, на 97,9 поени, додека во Европската Унија е намален за 0,4 поени, на истото ниво, што е значително под долгорочниот просек од 100 поени. […]