Полицијата разби скопска ќелија на ИСИС, кривични пријави поднесе за три лица кои имале поврзаност со терористичката организација. На чело на мрежата стоел 34 годишник кој живеел во Скопје и бил дел од ИСИС од 2023 година. Главна цел му била ивршување кривични дела во земјава. Регрутирал млади лица и им всадувал радикални идеи за целите на терористчката организација, а преку нелегални канали на социјалните мрежи ширел радикална пропаганда и набавувал оружје.