Билатералните разговори со Бугарија се без суштина и време е Брисел да фати столче на преговарачката маса. Со ова барање Владата ќе ја пречека Претседателката на Европската Комисија, Урсула Фон дер Лајен која во петок пристигнува во Скопје. Премиерот вели дека нема комуникација со официјална Софија но дека Македонија сака да разговара. Во СДСМ се на ставот дека нема за што да се преговара. Според опозицискиот лидер власта измислува преговори бидејќи нема намера да го продолжи европскиот пат. До таму, како што вели се стигнува само со внесување на бугарите во Уставот.