НАТО и американската армија ја интензивираат соработката во Европа преку голема воена вежба која ќе опфати територија од Северна Норвешка до Црното Море, изјави претставник на германската армија, пренесе ДПА. Околу 2.000 воени лица од земјите членки на НАТО ќе учествуваат во годишната вежба „Avenger Triad“, која ќе се одржува од 6 до 15 октомври.