Ај нека ви текне: Главниот лик влегува во ресторан. Келнерот нешто ќе тресне. Ќе помине покрај маса каде што ќе наслушне глупа изјава. Ќе излезе, па ќе се скара со таксист. Делови од сценарио што не го водат дејствието, но го прават тој свет „населен“. Денес нема ништо од тоа - одеднаш дејството е фокусирано само на главните четири ликови и светот станува стерилен.