Се подготвуваат измени во регулативата за работата на комисиите за туѓа нега и мобилност, со цел постапките да бидат побрзи, а граѓаните да имаат помалку административни обврски, најави министерот за здравство Клекоски. Според неговата објава, за измените се разговарало на состанок со министерот за социјална политика, демографија и млади Ѓоко Велковски и со советници во Владата.