Општина Петровец во изминатата година реализирала повеќе инфраструктурни, комунални, социјални и спортски проекти во населените места, со цел подобрување на условите за живот на граѓаните, информира ВМРО-ДПМНЕ. За подобрување на водоснабдувањето, нови бушотини се извршени во Сушица, Горно Коњари, Катланово, Блаце, Кожле, Тотинци и Брезица. Во Средно Коњари се поплочени улици со бекатон-плочки и е