Бизнисменот Илијан Филипов е убиен во неговиот дом во Пловдив, Бугарија, соопшти бугарската полиција. Според медиумските извештаи, бизнисменот бил убиен со еден истрел во главата. Злосторството било пријавено околу 1:00 часот по полноќ. Смртта на Филипов била констатирана на самото место. Во истрагата учествуваат службеници од Регионалната дирекција за внатрешни работи во Пловдив и од Генералната дирекција на националната полиција. …