Движењето ЗНАМ – За наша Македонија, како политичка партија основана врз темелите на Илинден и АСНОМ, ги истакнува транспарентноста, отчетноста и одговорноста како свои клучни принципи. Претседателот на партијата, Максим Димитриевски, во гостувањето во емисијата „Тема на денот“ на телевизија Сител, оцени дека ЗНАМ воведува поинаков начин на политичко дејствување и комуникација со граѓаните.