По речиси половина век, една од клучните точки во македонската преносна мрежа конечно доби уреден имотно-правен статус. Објектите на трафостаницата ТС 400/110 kV Дуброво, изградена во 1977 година, се впишани како сопственост на АД МЕПСО, во државна сопственост. Со ова се затвора проблем стар речиси 50 години, кој досега го отежнувал целосното уредување на сопственоста, […]