Новите критериуми за финансиска поддршка во земјоделството за 2026 година ќе остават без субвенции околу 10.000 земјоделци кои досега ја користеле оваа поддршка, смета Социјалдемократскиот сојуз на Македонија. Членката на Извршниот одбор на СДСМ, Наташа Поповиќ, на прес-конференција изјави дека Владата ја намалила поддршката за земјоделците и вовела построги критериуми за добивање субвенции. „Рокот за пријавување за субвенции за 2026 …