Вчера во 07:30 часот во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје ја лишиле од слобода 45-годишната Е.С. од Скопје. Како што се наведува во полицискиот билтен, 45-годишната Е.С. била уапсена по претходна пријава дека на подрачјето на општина Аеродром во Скопје, физички ги нападнала нејзината 70-годишна мајка и нејзината 13-годишна ќерка.